Малиот Тажен Принц и Снежната Кралица
Малиот Тажен Принц и Снежната Кралица
Ова е само измислена бајка за Малиот Тажен Принц и Снежната Кралица
Отидов на Жед планината,знам,од другите слушнав дека некаде таму имало суров господар кој започнал да гради дворец темен,сакал сите блокови да бидат од бигор човечки,решив во тој дворец да има вградено некој мој блок,можеби по сто или двеста години некој во тој бигор ќе го види мојот лик,па така ќе знам дека сум постоел,а бигорот, го имав во доволни количини катадневно го собирав не само на градите туку и на рацете и на нозете и секаде,ама навистина секаде на мене беше налепен тој проклет таговен бигор .
Тргнав пеш,на рамењата обесив три рала железни опинци,тие кое се вратиле кажуваа дека земјата таму горела со пеколен оган,та стапалата човечки ги гламносувала уште со првата стапалка ако немаш железни опинци земени од ковачот на судбини.
Ех,заборавив да ви кажам дека дека пред само 6 месеци носев лаковани,лесни чевли,кои во петиците силата на ветерот ја имаа,колку ли беа убави тие,секогаш кога ќе посакав летав на тие лесни ветерови криља,ме носеа каде ќе посакав.
Така и јас,отидов кај ковачот на судбини,да земам,тој не ги продаваше,само ги правеше по калап,ќе го погледнеше човекот кој стоеше пред него,ќе ги измереше браздите на челото по должина и по ширина,и токму по таа мерка ги правеше чевлите,ни полесни ни потешки,ни пошироки ни пак потесни,ете тогаш кога застанав пред него,прво добро ме изгледа,со главата сомнително заврти,малку си ја поткасна устата,и воздивна тивко но тешко,но сепак несакаше да ме обеспокои дека ќе одам пеш по светот босоног ,туку малку охрабрувачки рече.....не се грижи,ќе направам и за тебе чевли,но по ова што го гледам премногу матријал ќе треба да потрошам,ќе ми треба време една цела ноќ,ајде ти момче,оди по ведрово небо,легни на земјата,одмори,знам дека во тебе нема соништа,ти само броиги звездите,ако некоја ти се допадне ете така погалија со врвовите од прстите,таа затебе е далечна,ама сепак на врвовите ќе ја почуствуваш нејзината нежност,ајде оди,и оставиме да работам......отидов и направив како што ми кажа,додека ги гледав,беа премногу,во тој занес се почуствував нивни господар,ја отворив капијата на ветриштата и ги пуштив да лутаат во бескрајот,од силата нивна започнаа ѕвездите да танцуваат,некоја млака радост од некоја заборавена шурка потече,одеа прво лево па десно ,кога во круг заиграа знам дека самовилски чекори правеа,и покрај тоа што рацете ми беа премалени,и суварак направени,сепак започнав да ракоплескам,слабо,толку слабо што од ракоплескањето ни мравките не се вознемирија.
Во орото што го играа ѕвездите имаше една со посебен сјај блескаше некако заносно ,со заслепувачки сјај напати ќе затреперееше,но и чекоро т и беше полесен,побрз,им го реметеше ритамот на другите ѕвезди,беше некако поразлична,ете,посакав барем од оваа далечина да ја допрам,само малку,но гласот на ковачот на судбини оштро одекна во просторот,немој таа е лажна ѕвезда со лажен блесок,немој кој ја допрел во понор паднал,оставија не е таа затебе,погледниги и другите ѕвезди,и тие имаат сјај во себе,и тие знаат да треперат,еххххх,испуштив едно длабоко,небеше тоа болно,но некако со малку тага го кажав,звуците на невидливата флејта ги тераше да не престануваат да играат,сега кога се изморив од гледањето,се завртив према месечината,и таа блескаше,но на ликот нејзин видов една сенка,сенка која на едната страна ја правеше тажна,го испрати небесниот гласник да дојдо до мене и дел од својата тага да ми пренесе,кога со бесчуен чекор зачекори по тревата,ниедно тревче не се наведна од тежината негова,клекна и зашепоти...ова се зборовите на твојата штитеничка месечината,има само едно да ти каже
-сине мој,ти кој под моите пазуви растеше,ти кој моето месечево млеко го пиеше,ти кој беше предодреден да бидеш небесен гласник,ти сега гледам си станал,ангел со скршени криља,и бегалец од светлината,поклоник на мракот,но не грижисе,има една ѕвезда,не ја гледаш ти на орото,таа те чека долго долго,таа е твојата судбина,кога ќе помине време потребно,ти не го знаеш уште тоа,сам со свои очи ќе ја видиш,сам на себеси ќе си простиш за заблудата,и светлината повторно во твоите очи со снопови ќе тече. Стана или исчезна за миг небесниот гласник,до мене остана само хартијата во ролна завиткана,ја зедов,во полураспаднатото торбе што го носев на рамо ја ставив,тежина се надвисна над клепките,некој пргав сон,кој немал што да прави сам со себеси,се погрижи барем мене малку да шрошета по невидени пространства на кој утре нема да се сеќавам,сум заспал со мирисот на тревата.
Застани и Погледни
Застани и Погледни
-Иднината им припаѓа на тие кои имаат храброст да не ги затворат очите пред следниот миг..
-молам...за миг се тргнав со погледот кон нејзините усти кои ги изговараа зборовите,но моето молам не ја прекина нејзината мисла.
-додека минатото им припаѓа на тие кои постојано се враќаат со своите сеќавања...
-не те разбрав добро...
-минатото е една жива песок каде можеш со секоја мисла да пропаднеш и никогаш да не излезеш,додека иднината е една голема ливада,каде со секој чекор гледаш а потоа береш поубави и помирисни цветови...
Го гледав тоа лице каде насмевката го распостилаше на секој нејзин дел своето раскошно царство,го гледав и на моменти неможеш да разберам,и покрај сите ветришта што го шибале,никаде неможеше да се види ниедна трга,знам дека козметиката не е моќна да ги покрие тие немилосрдни долови на тагата,но тука немаше ни трага од сето ова.
-повторно ги истураш своите мудрости,или само ставаш ред на мислите кои се раѓаат понекогаш непланирано....
-зборувам за сите патеки кои човекот ги оди.....
-која беше твојата најтешка патека...
-неможев никогаш да ја измерам тежината на сопствените грешки,се до оној момент кога стретнав човекот кој никогаш не простува...
-интересно...
-научив едно....за момент замолчи и со врвот од прстите го допре градите,на допирот,срцето заигра ,не, ритамот го смени,час брз,час смирено,ги чуствуваше тие немирни удари и ја истури реченицата во воздухот.....никогаш повеќе не го трошев времето во воздивнање за се она што беше вчера,или завчера,размислував веќе за она што можеби утре би се покајала од денешниот ден..
-дали би се покаја за денешниот ритам што го чуствуваш под дланката...
-би се покаја доколу утре не верувам како денес во овој немир кој го слушам,немир кој буди нов немир и го прави ова попладне една прекрсна вечност.
Не бев едноставно расположен денес за разговор,повеќе бев за слушање на мудрост или поуку,или градење на нова патека,или......зборуваше зошто знаеше дека ја слушам,дека утре или задутре многу зборови ќе бидат стварност...
-не оди повеќе во темнината...не молеше ни со погледот,ни пак усите се собраа во неког грч на притаен страв...има премногу убави места тука во светлинава,сеуште не си ги видел блескавите ледини на спокојот.
Несакав да зборувам за нешто што веќе го знам,ниту пак за нешто што не ме интересира,само сакав да знам во овој миг,дали е потешко да ја изгубиш љубовта,или никогаш да не ја пронајдеш.
-доприме...тивко прошепоти
-ова не е бајка,нели,ова е стварност....
-да ,не е бајка...застана за миг гледаќи ме право во очите...ако кожата во мигот кога ќе ја доприш,ја споредиш со најнежното кадифе,тогаш знаеш што е љубов,ако во тебе сеуште беснеат притаени бури ,ако во тебе сеуште горчината клокоти тогаш повторно знаеш што е љубов...значи си ја пронашол.....застани и погледни...
-
Светлосна патека
Светлосна патека
Да се победи по секоја цена не е мудро,жртвите не се бројат,и во таа пирова победа слават само луцидните генерали,беше мисла која ми пролета некако брзо додека очите се бореа со последните секунди на свесноста.
Тонев со брзина поголема од светлосната,познатите бездни вешто ги избегнував знаеќи ја нивната подмолност но и оштрата болка која ја задаваат,изминав неколку ладни пештери незадржуваќи се ни еден миг во нив,реата која бликаше уште на неколку километри го најавуваше нивното присуство,застана,или подобро кажано треснав со огргоман сила на простор кој и мене ми беше непознат..нечиото невидливо присуство беше очигледно,не го гледав но ладниот продорен поглед во првиот миг ме прикова на место,здивот повторно како да го препознав,стариот и папсан демон со скоро сронатите заби пробуваше да ме исплаши,...не се сеќавам повеќе бидечи вртлогот кој го обиколи сите четири страни како да му забрани на сеќавањето да биде тука присутно.
-повторно се бореше со туѓите демони,те слушав цела вечер како жестоко ги фрлаше зборовите насекаде....доаѓаше гласот од другата страна на перницата.
Одговорот брзо и спремно излета продолжуваќи во делот таму каде што застана прашањето,правеќи ја така целината.
-не, гледав како Ѕверот со смеа пишуваше,но повеќе препишуваше веќе напишани страни на некој стар пергамент.
-драго ми е што научи да го ослободуваш твојот демон и да го оставаш тој,наместо ти да се бори.
-само ги споив двата контрадиктори светови.
-ајде оставија твојата лажна скромност,и придружими се на прекрасниот доручек,но воодушевеноста задржија за некој друг дел од денот.
Посегнав да ја доправ стварноста повторно,но и сега времето беше мојот непријател,само врвовите од прстите го имаа тоа кратко задоволство.неколку апстракни светови се распрснаа во просторот.
-сеуште сум крвава под кожата од твоето проклетство...безобразно ја прекина кратката тишина
-зарем сакаш повторно во долината на твоите соништа пролетната роса да роси...морав да возвратам
-се додека сум препокриена со топлина,тежината на пролетните денови не ми смета.
-мирисот и вкусот на еден свет ти го подарив,сега оставиме во светлинава да сликам нешто што оково мое го гледа.
-понекогаш имам чуство дека премногу отровни гралови нудиш.
-оставиме да јадам.
Имав моќ во темнината,огромна,неспоредлива со оваа тука во светлината,тука бев само почетник,млад ученик кој треба да ги научи сите лекции што ќе му ги даде денот.
-никогаш не верував дека некој ќе ме нарече предавник.
-зошто..праша изненадена од коментарот.
-никогаш не сум чекорел по вакви сигурни патеки.
-го раскина пактот со темнината,сега собери уште малку храброст,и од таа темнина извлечија твојата сенка,твојата верна придружничка за да бидеш целосен....
Завртив со главата сомничаво
-којзнае на која ладна карпа ја залепив,кутрата таа,се сеќавам како тажно со немост плачеше по мене,но и таа во темнината не виде кога се разделивме.
-сеедно.собери сила и вратисе за последен пат да ја земеш за да можив да продолжиш понатаму,човек бес сенка е само полусуво дрво на кое ни врапчињата несакаат седало да направат.
Се отвараа усните за уште некоја река да истурат но грубо беше запрена таа река со брана која падна од небото.
-замолчи,да се помолиме и да ја искажеме нашата денешна благодарност за целокупната подарена Божја Љубов,што ете ни се смилува и ни даде храброст повторно да ги отвориме очите.
Несакав да ја импресионирам со моите молитви,но мислите кои ги пуштив како да се претопуваа со останатите кои патуваа во бескрајот,сега додека патуваа гледав како мали светлосни пеперутки ги носат радуваќи се на повторна нивната искреност.
Разговор со Ангелот
Разговор со Ангелот
Не бев бесен,повеќе може да се речи дека бев огорчен,огорчен од сите нанесени неправди,од сите попусто пролеани солзи,од сите залудно поминати мигови во проклетава самотија,па така огорчен,го соблеков гол,исто како мене,Ангелот,кој деноноќно одеше по мене,со тажен лик,го соблеков и го седнав до мене,заедно да немееме,и во немоста да го слушаме плачот на тишината,таа пискава труба на заборавот......
-ми студи..со тивок глас прошепоти
-знам,реков,тоа е студенилото во мојата душа,затоа ти студи.....
-дозволими,дозволими барем еднаш со мојаата ангелска рака да поминам преку твоите гради и да ја стоплам.....
-тргнија твојата рака,не те казнувам со студенилото,туку те прашувам,зошто погрешивме и двајцата....
-незнам,немам ни јас одговор во овој миг,и мене твојот ангел не заслепи нејзината кроткост,не заслепи нејзиното тивко шепотење,кое на мигови и мене ми делуваше на песна пеена под лакот на виножитото,не заслепи недаваќи ни подобро да погледнеме позади нејзината насмевка,дека се крие еден друг лик...несакам сега да го именувам,бидеќи и обајцата го видовме....
-сега оја е користа што го знаеме творецот на лажната љубов...
-навистина дозволими барем еднаш да поминам со раката преку твоето срце,премногу студенило блика,веќе студенилово силни стисоци прави,може во некој миг....несакам да помислам на тоа...
-што,што несакаш....го погледнав во очите,во тоа бескрајно плаво простраство,каде спиеше една цела вселена....што нескаш ,ајде кажи
-неможам,но и несмеам јас да го изговарам тој збор,не сум овластен да повикуван нешто што нетреба да се случи..
-еве јас за тебе ќе го изговорам тој збор...несакаш да кажеш дека ќе ми прсне срцето,и дека смрта ќе се слади со парчињата кои ќе одлетаат дирекно во нејзините раце.....СМРТ;СМРТ, еве јас го изговарам тој збор без никаков страв...
-те молам,прекини да ме мачиш,те молам,овие твои зборови за мене се како најжешките небесни мечеви....
-а зошто да се плашам од неминовноста...
-повторно те молам,дозволими само еден пат да поминам....
-зошто да ти дозволам,душата е моја и јас можам да располагам со неа како сакам...
-не,сега ја кажа најголемата човекова заблуда..
-зошто..
-душата е дарот Божји,таа е мало парче од целокупниот унервезиум,кога една душа ќе биде изгубена,или бесцелно изгорена,тогаш некаде во некој дел се јавува мала црна дупка,душата е најфината природна супстанца...
-ех....
-да,човекот може да се грижи за телото,носителот на душата,да го храни и лечи кога е болно,додека за душата се грижеме ние ангелите...
Сега навистина побеснав,побеснав во вистинска смисла...
-ако навистина тоа беше твоја задача,јас како смртник размислував со срцето,а не со разумот,тогаш ти кој мо-еше да ја видиш и нејзината душа,зошто ти не ја препозна....
-есега ти навистина грешиш.....
Замолчев,не подобро занемев,зарем навистина грешам.
-ајде тогаш кажими те молам каде погрешив....
-два пати те предупредив,дека нетреба да продолжив да одиш на таа патека,но ти слепо и покорно го молеше Бог да ти дозволи,кога на Бог му здодееа од твоите молитви,повторно ме пушти крај тебе со задача...оди израдувајго,но кога ќе му биде раскрварено неговото срце излекувајго....
-сакаш да кажиш дека се било однапред предордредено...
-не некои работи не се предодредени,но во добар дел да......
-кои се тие моменти кога бев предупреден....
-го имаш најголемиот и најмудар учител што природата го дава,самотијата и тишината,од неплодна нива,направија плодна ораница,во секој нареден миг,насадиги или посејги твоите прашања,потоа погледнија длабочлината на твојата душа,и од таму,од тој непресушен извор ќе ги добиеш одговорите,ќе никнат насекаде околу тебе...барај,барај и ќе добиеш,секој бесцелен миг за тебе е само загуба...
Замолчив,некоја пријатна тишина се распосла,дали од пријатноста и смиреноста на Ангелот или пловидбата на бродот наречен живот,заплови во тие води...
-дозволими навистина само еднаш да поминам преку твоето срце,секој негов грч,за мене е болка неподнослива,погледниго онај темен облак,таму ги сликам моите болки што ми ги задаваш со грчевите од твоето срце
Шумот на брезите ли беше толку лековита песна ,или започна да се смирува бесот..
-во ред ќе ти дозволам,но ќе ми одговориш само на уште едно прашање...
Ќе ти одговорам ако сакаш на уште сто,на илјада....
-што ќе биде со моите мали и слатки Ангелчиња..
-за нив не се грижи,измама е со танок превез,ќе падне многу бргу,оставиги,болка ќе ги научи да гледаат понапред во времето и со побистри очи да ги гледаат нештата,болката ќе ги научи да ја засилат својата верба,сега и тие ја научија најголемата лекција,дека некогаш и луѓето на кој безрезервно им веруваме и сакаме знаат да не повредат,па макар тие носеле и лик на мајка.....
Ме погледна некако со некоја милост...
-сакаш да знаеш што ќе биде со...го гледам пламенот во твоето срце сеуште клокоти,ајде изгасниго веќе еднаш,за да не бидеш повреден посилно,а за нејзината иднина нема да ти кажам, ни збор,и подобро е да не знаеш...но верувам кога ќе слушнеш,ќе ти биде сеедно.
-но....
-ќе ја заборавиш,ќе ја заборавиш,јас ќе бидам тука околу тебе,брзо ќе ги исцелиме раните...
Поминуваше Ангелот со дланката околу срцето,некако со брзина на утринско немирно разиграно и палаво ветре.....
ЗАБЕРИ МОЁ СЕРДЦЕ С СОБОЙ
Каде е Македонија
Каде е Македонија
Каде си горостасен Македонецу
(молк)
Каде си лична Македонке
(молк)
Каде е Македонија
(молк,штама,темнина)
Знае ли некој чија земја газам
Знае ли некој чија пепел ветерот растура
Зна ли некој чии се овие гробови насекаде
Каде си горостасен македонецу
(повторно прашувам гливите само минат)
Каде си лична Македонке
(повторно прашувам слепите само лутаат)
Каде е Македонија
(молк,штама,темнина)
Ете таму некој тажен осаменик
(којзнае можеби е само авет)
Да му речам Добро Утро
(дали ќе ме разбере)
Да му читам од книгите
(само празни страни ми останаа)
Скитам од осаменик до осаменик
(само тоа остана)
Повторно прашувам
(глува доба ќе да е)
Каде си горостасен Македонецу
(молк)
Каде си лична Македонке
(молк)
Каде е Македонија
(молк,штама,темнина.
Да ти подарам
Да ти подарам
Да ти подарам еден цвет
Не,не,еден цвет е премалку за твојата нежност
Ќе ти подарам една цела градина
Ох,колку немир има во твоите допири
Да ти подарам една ѕвезда
Не,не,една ѕвезда е премалку за твојот болскот
Ќе ти подарам една цела галакција
Ох,колку ли волшебно трепкаш со очите
Да ти подарам една птица
Не,не,една птица е премалку за твојот глас
Ќе ги заробам во еден кафез сите прици
Ох,колку е нежен твојот шепот
Да ти подарам?
Простими,но јас сум еден голем скржавец
Себично го чувам моето срце само за мене
А тоа ти припаѓа повеќе тебе
Цветовите мила за седум дена ќе овенат
Зората рана лакомо ќе ги голтне сите ѕвезди
Птиците за триесет дена во кафез ќе овенат
Но срцево мое во твоите раце вечно ќе блеска.
Сон без сништа
Го припремам сонот за вечно сонување
Со приказна за небесниот овчар
Кој наутро се опивал од сончевата топлина
Кој навечер неуморно ги гонел небесните волци
Спокојно брести ѕвезденото стадо
Бескрајната тишина цветови му раѓа
Кренисе ветре,ти небесен гласнику
Разбудија росата муграта со ромор иде
Ехото на заборавените крикови се провре
Низ процепот на времето злокобно профучи
Никој,никој,ама баш никој не знае
Дека пирот само во смрта е така тивок
Ете тука на црнава стена
Го отфрлам како кожурец мртвото минато
За вечерва со надежта нова да бдееме
Сонот без сништа евего тука спокојно лежи.
Бесплатно преузми
Бесплатно преузимање најновије збирке песама Никодин Чернодримски-Ватрени Виори на следећу адресу: http://cc.org.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_details&gid=310&&Itemid=32
Вампирот Смугре -трет дел
Замина андон да го бара Смугре вампирот и да му наплати за двата гроба што му ги направи.Никогаш повеќе никој не го виде Андон,ни во куќата ни околу куќата,ни пак по имањето,овчарите,дрварите па и треварите веќе подолго време го бараа низ планината,се провираа по помалите пештерчиња,со надеж дека таму ќе го најдат,се расчу глас дека Андон станал испосник во некоја пештера,анма никакво фајде од барањето,после се прочу дека Андон некој го видел како со глогов кол го брка Смугрета,е сега дали беше тоа вистина или не,никој незнае,а и Орде што с расприкажа за тоа пред коперација небеше самиот сигурен,а небеше зошто кога бил впланина од пусти страв од волците изпил дури три оканици ракија.па затоа небеше сигурен дали тоа што го видел било вистинито,но како беше што беше отогаш никој неслушна за Андона,но и смигре како да ја снема силата за да прави разни зла.
Стојмир замина по светот и навистина светот слушна за него,но и селаните слушаа и читаа што се прикажуваше за нивниот Стојмир,па дури кога ќе одеа по слави кај своите по околните села и кога ќе се расприкажеа со селаните за Стојмира викаа нашиот Стојмир.
-
Никодин Чернодримски 2010
Вампирот Смугре-втор дел
Останаа сами дедо Андон и Стојмир.
Некоја нова сила,дотогаш непозната за Андона му даде Стојмир на дедаси,та како се множеа и како се пластеа годините на плеќите од старецот,тој се поцврст и пожилав стануваше,никогаш никој од селаните од него не слушна да се пожали,или да речи тешко ми,само насмевката ќе ја развлечеше на широкото и тркалезно лице,чиниш изгревот од кај кобилица го гледаш а не ликот на Андона.непостоеше желба што неможеше да му ја исполни,небеше издашно детето,ама сепак дете како дете,растеше со грижата на дедаси,гледаше на секој начин да не ја почуствува дупката во неговата мла но чиста детска душа,
Стојми,Стојмир стана лично момче што со својата личотија луѓето ги занемуваше,во снагата се извиши небаре гората го доела со букови сокови,а гласот,гласот беше толку мил и грлат што кога ќе запееше,а баба стана ќе кажеше
-ете и ангелите му завидуваат,та затоа ни праќаат облаци со доѓд,сакаат песните да ги залепат на земјата,да не стигнат до небеса,ама ако нека пее,ветерот му друшка негова,та кога ќе запее песната му ја носи во небеса кај татакаси и мајкаси.
И момите кога ќе го видеа,очите од пуста желба им течеа по него,со погледот го пиеа,ќе го пииеа жедно а потоа во ноќите ќе го замкнеа по свопите сништа,таму во тие непрегледни бескраи со скриена страст се сладе на неговата личотија и снага,се валкаа по цветните ливади нештедеќија својата младост,некои пак поитрии или поџамбас,од пусти мерак да го видат на пат,по петпати одеа на селската чешма,ќе поминеше Стојмир покрај чешмата,белите образи кога ќе ги видеше своите врснички ќе му добие таква црвена боја,што мислш дека и најцрвеното велигденско јајце небеше толку црвено,засрамен од сите погледи брзо брзо ќе ги одминеше.
Го гледаше Дедо Андон Стојмира како расти,и кога го гледаше срцето толку му се ширеше од радост мислиш ангел шестокрилен е неговото срце,но кога пак ќе направеше некоја беља,ќе го советуваше со најмил глас,а напати со некоја строгост,ако можеше да се нарече строгост.навечер кога ќе се прибереа само во одајата ќе седнеа на креветот и дедо андон ќе му речеше.
-сине стојмире.чувај се од зломори луѓе,тие с спремни на се,чувај се.ќеја навалеше неговата сеуште млада глава во својот скут и саде го милуваше по бујната и црна како катран коса,милуваќи го ќе погледнеше на неговата рака,кога ќе видеше дека го нема црвениот конец ќе срипаше како попарен
-Каде ти е амајлијата сине-дури тогаш ќе видеше Стојмир дека нема ништо на левата рака и во невин детски стил несваќаќи колкава важност придава неговиот дедо на таа ситница.
-незнам дедо,можеби сум ја скинал кога се бркавме денес со Неда од Попчеви на ливадата долу,брееј ама е азган дедо,и незнае да седи мадро,туку се нешто ќе и текни,едвај сум ја натркал,толку што е машкуданка.
-ете гледш,низ игра,низ смеа сакаат да те заробат,ете гледаш сакаат да те залудат со своите итроштини,аааа море тие што ѓаволчиња се ,-зборуваше и низ собата одеше бараќи го клопчето со црвен конец-сакаат триста маѓии да ти фрлат,личотијата да ти ја земат,чувај с чувај сине стојмире-сега овие зборови ги нагласи-да знаеш само дека и самовилите ти се настрвиле,па сакаат меретните да те оградисаат-ќе започнеше да праска Андон низ собата со со вода-ама има Андон има вода од три извора-откако ќе го испрскаше и Стојмир повторно ќе му врзеше околу раката црвен конец врзуваќи го со дванаесет чворови,понекогаш овие ритуали што ги правеше неговиет дедо му беа интересни но некогаш знаеше и да негодува.
-Аман бре дедо ,како тргна со овие твои итроштини,и на газот ќе ми врзеш клопоратец.
Малку ги собра веќите,повлече подлабоко од своето луле,потоа го испушти голмото количество на чад,правеќи низ собата облак.
-ако треба и клопотарец ќе ти ставам,само и само да те заштитата,ете така да знаеш,и не само на газот туку и на друго место ќе ти обесам,ама тогаш кога ќе одиш момите од тебе ќе бегаат.го кажа ова плесна сино со рацете по колена и зеде да се смее слатко.
Преголемата љубов што ја имаше Стојмир према дедаси,бргу ги смируваше бурите што беснееја во неговите млади гради,само ќе го прегрнеше и повторно мирот во куќата ќе завладееше.
Времето изминуваше со галопирачко темпо,со секој изминат ден на Стојмира и планината му беше мала,напати кога ги гледаше како орлите ја надлетуваат орлица,посакуваше и тој д биде еден орел кој ќе се вивнува во тие плави бескрајни пространства,селото за него беше еден невидлив кафез.кога Андон ќе го погледнеше како со погледот им се восхитува на орлите,а градите се надигаат и спуштаат во ритамот на орловите криља,до неговите уши стигнуваше немирниот клокот на Стојмировата крв,вриеше мислиш дека е некој таен вулкан,па само пукнатина му треба за да рикне,знаеше што е работата,и јасно му стана дека неможе Стојмир вечно д го држи до себе но и во селово,а од друга страна небеше скроен за Стојмир за село,уште поодамна Илина селската бајачка и пророчица на Андона му кажа.
-голем човек ќе стане Андоне Стојмир твој,големи врати ќе се отвараат пред него,многу луѓе темане пред него ќе прават,еве гледам дека на градите ѕвезда му е нишан,нишанлија е детево,обележано е и од Бога,му ја втиснал уште од раѓање,а на ѕвездата Андоне знаеш и ти сам една ноќ и е малку,таа сака постојано нова нова ноќ,и се така до недоглед,Архангелот Михаил него лично го чува,ти незнаеш Андоне што вештерки со мечот пламен тој изгорел досега кога се стрвеле да дојдат до Стојмира,кога ќе дојде денот да замине не го спречувај,дајмуго твојот благослов и пуштиго нека летне,пуштиго Андоне нека си ги рашири криљата,дајмуго само твојот благослов со твојата насмевка и испратиго до праг.
Како што каѓа Илина бајачката така и биднало.
Седеа вечерта двајцата покрај мангалот,стојмир нервозно ги превртуваше костењата низ жарот,тие што ба печени ги вадеше па внимателно и нежно ги редеше во ваганот.
-дедо-ја крена главата кон дедаси но сега гласот му беше поинаков некоја сериозност носеше –дедо-повтори.
-знам синко што сакаш да ми кажеш-го изгледа добро прво,потоа стана носеќи си го во рацете малиот триножец,откако го смести блиску до внукот,седна и со едната рака зеде со својата дедова рака да го милува по главата.-сакаш да заминеш синко по белиот свет-замолчи,и колку да ги спречуваше своите солзи,но сега како тој затворен извор бликна со некоја сила,дали зошто од поодамна Андон немаше плачено,па се собрале и само го чекаа мигот кога и тие ќе излезат на виделина,но да капеа капка по капка ајде де,но овие се сливаа во бразди,низ слзите се провираа зборовите-ако,ако оди синко,видиго свето,но и тој нека те види тебе,кога ќе го гледш светот погледајго еднбаш само со едно око,погледајго и кажиму,ова е окото од деда,така јас ќе знам дека навистина со среќен,кога ќе го видиш со двете очи,тогаш кажиму на светот,сега свету те гледаме заедно јас и дедоми,насмевката што ќе ти се разлее на лицето,моето срце ќе ја почуствува.
Никогаш порано Стојмир го немаше видено дедоси да плаче,се заврти према него и седеќи силно го прегрна.
-дедо ако треба да останам овде покрај тебе.
Овие зборови како нож го пресекоја на половина.
-нее тоа никако,тоа неможам да го дозволам,сопствениот внук да го затворам во овие проклети планини,не синко ти си роден за светот,и ќе одиш кај него,ако сакаш уште итре да ми пукне срцето остани.
-ама дедо-но брзата рака на дедаси го спречи да ја заврши реченицата.
-само дно ќе ти кажам,на сторена добрина кон тебе,ти со три добрини ќе возвраќаш,за злото ако можеш да го одминеш,одминиго,ако не можеш тогаш удри по него немилосрдно,удри се додека не го столчиш,не му давај можност да стане,оти ако стане тоа е ранета ѕверка тогаш синко си готов.
Таа ноќ и двајцата лежеа,не спиеа,со молчењето го довикуваа сонот,но тој како за инает се обеси на гредите од балконот та се кикотеше ли кикотеше,де ќе ги подмамеше дека ете ќе стори себап па ќе им даде малку одмор,ќе се провлечеше брзо брзо околу клепките во вид на некоја лажна поспаност,да потоа со секавична брзна повторно се врати на гредите,зората полека започна та го ткае својот белузлав килим,утринските гласници,врапчињата весело потскокнуваа на гранките од јаболкницата пееќи некоја своја симфонија,која и за ушите на луѓето беше пријатна,не чуствуваа замор од непреспиената ноќ ни Андон ни Стојмир,станаа и молчешку ги завршија утрински хигиенски навики,молчешкум Андон седна на столчето,и пред негои и пред Стојмира стави по едно кафе и една чашка ракија.
-сега си голем синко и редно е со дедаси да испиеш по една чашка ракија,и по едно кафе.наздравија со чашките и ја истируија во грлата лутата ракија.
Се облече Стојмир со нови алишта.дедо Андон му го подзеде куферот и тргна да го испрати до портите,за понатаму немаше повеќе сила.
-синко оди,нека секој чекор твој биде благословен,нека секој твој збор биде медоносен.
Го кажа ова и замолчи,прегратката на Стојмира се створи околу неговиот врат,низ образите на двајцата повторно потекоа солзите.
-ајде синко оди да не те задржувам,и да не заборавам,во куферот покрај прите,имаш и неколку алтани,сакаш трошиги,сакаш чувајги,твоја воља е тоа,на самото дно имаш едно мало зрвено врзулче,во него имаш земја од трите ниви,таа земја синко,кога душата ќе ти запилка за дома,само ставија грутката на гради и ќе видиш ќе го смири тој неодолив жед за тука.
-остани со здравје дедо-го прегрна повторно ,но Андон го отурна нежно од себе.
-оди оди и негуби време,јас и селово сне биле,и ќе останиме тука.
Замина стојмир,и радоста од куќата на Андона замина,се вртеше се штуткаше како утка низ куќата три дни,место не го фаќаше,четвртото сабајле,уште во раните зори се симна впондила и од заостанатото сено го извлече глоговиот кол.
-време е да наплатам стар долг.
Неколкумина што го видеа како го напушта селото,после тоа раскажуваа дека Андон неодел туку летал,некоја непозната сила на своите невидливи за човеќки очи криља го носела,исто така велеа велеа дека Андон небил старец белокос туку Маж со сила небесна,на неговото лице немало ниедна брчка,целиот светел додека одел а во рацете држел пламен меч,некои од жените посебно Евда на Зрневи започна низ селото да кажува дека Андон не бил човек туку дека бил светец,ама тие досега тоа не го знаеле,или несакале тоа да го видат,во своето кажување отиде толку далеку што едно собаљина кога го стретна Поп Мирослав на сокак му рече
-пресветол оче,јас мислам дека Андон беше светец,а и сега е светец, и према тоа во некој дел од црквата редно е да го насликаме неговиот лик-Поп Мирослав само се насмеа бидеќи знаеше колку и тежи паметот на на Евда.
-Тетка Евда Андон не е уште упокоен за да ние го прогласиме светец,кога ќе се упокои,кога коските ќе му се миросаат,и кога ќе стори триста чудесии ете тогаш не само ликот туку и житие за него ќе напишеме,ај сега оди дома и глејсиго ти твојон светец.
А Евда не и требаше многу за да го разврзи јазикот.
-кој светец оној мојон дома кликнурон,па тој да простиш попе од смрдејата што ја налепил по душата негова со ракијата,кога ќе се испружи и кога ќе отиде долу во пеколот и ѓаволот ќе побегни и ќе му го препушти пеколот на него,така да знаеше.
-не знаеме никој кој каде ќе отидеме,евда,незнаеме,само еден Бог знае каде ќе не смести,ако устата негова е погана,ама јас знам дека срцето и душата му се чисти,незборувај така.и гледаше кутриот бргубргу да си замине,зошто ја знаеше,ак
Вампирот Смугре
Вампирот Смугре
Морничавото завивање на куциот волк самотник не навестуваше дека утрово ќе се слушнат веселите прапорци на муграта.Ордата ,дива и непокoрена горска сила која номад беше нескротлив од поодамна го отфрли овој сега самотник,со својата тромост каде и да одеа ги успоруваше,посебно кога одеа кон некој пир.
Сега кутриот самотникот само штракаше со вилиците и бараше со денови нечија мрша,како би го совладал постојаниот глад,но кога ќе најдеше некоја полуизедена мрша,тогаш,прво ќе започнеше весело да потскокнува околу неа,правеше некој свој измислен самотен волчешки ритуал,потоа ќе ги ококореше очите како да видел богата кралска трпеза понудена пред него,низ истрошените очњаци ќе се провлечеа танки конци на белузлава лига,неколку пати ќе штракнеше со вилиците,велеќи и така на мршата, ете сега си жртва а јас ловец,и самозадоволно легнуваше покрај неа,спокојно испружуваќија литата снага на земјата,не се знаеше тогаш кој е мрша а кој е лита кожа распната на ронливи коски,лежеше се додека низ утробата не му профучеше танкиот продорен глас на гладот,од силата на гласот ќе му се растресеа цревата и ќе ја засфиреа симфонијата на гладниот очај.брзо брзо загризуваше и со уште недоџвакани парчиња месо ја запираше оваа неподнослива музика,небеше ова некој голем подвиг,или некој раскошен пир,но ете сега со виежот и тој откако ќе се најадешеги известуваше своите од ордатра дека имал и тој жртва па макар таа била и мртвано како јадеше мрши така како смрта да си ја лепеше кутриот насебе,кога ќе устеше дека таа со суденилото е околу него ќе завиеше некако морничаво,со виењето го бркаше стравот од себе,стравот кој на својата ладна антерија го носеше ликот на смрта,на другите кога ќе се појавеше од некој крај на шумата и вака куц и лит,смрта им ја претскажуваше,а тој кутриот од неа панично бегаше,во бегањето невиде дека стана зловестило.
Петлите ранобудни беше се искачиле кој каде стигнаа,и со своите продорни грла ја будеа зората да стане,како би можела повторно да го расфрли својот беломлечен прав насекаде,но некоја тежина беше ја натиснала та не и даваше да си ја покаже силата.
Од врвот на Кобилица одекнуваше одвратната смеа на Смугре,тоа сениште кое се провлекуваше низ вековите и потајно со смеата ги ужаснуваше не само во дните,напати и во снишатата на селаните,како што го паметеа кога ќе се јавеше некојпат беше само како ехо кое свири по долиштата,некојпат беше како пресмртна песна на гавран,а некои велеа дека го гледале како стелна мечка која неможи да се породи,па само рика збеснато,некои старци кои со своите бели коси потврдуваа дека изминале еден и дека сега во скутот држат друг век,пак раскажуваа за Смугре Вампирот кога се свампирил во дните на нивните дедовци,бил толку бесен и толку штетник што морале селаните за да ги заштитат домовите да ставаат луковина и на постелите,и на праговите,и по дворовите,а еднаш кога не се напил крв бајаги време така рикнал силно што кравите од пусти страв не давале млеко четириесет дена,стопаните од пуста жал за овие живинчиња катаутро и катавечер се ги замивале со крстена вода да им го отераат стравот што се спикал и во коските.ете таков бил овој Смугре Вампирот,и сега во овој век небеше подобар,и сега бајаги зло стори по селата,не еднаш го бркаа вампирџии,море по тавани,море впондила се пикаа,море по меѓи го зачекуваа,еее Смугре дали имаше очи и на тилот но секогаш за влакно им бегаше на вампирџиите,од што доби толку сила последно време се настрви и на жените,ќе се завлечеше мракот по селата а со мракот ќе се довлечкаше од некоја спила Смугре,пазеше пазеше и таму каде што ќе намирисаше осамена женска душа,ќе се вотнеше во одајчето,што од страв а што од ужас од ладните рапави и на земја реосани раце на смугрета, кутрата само ќе си ја збереше душата во некое мало дупче на срцето и трај,собајлината никој неможеше да ја познаи женичката,селските жени ќе се собереа околу неа,па брзо брзо ќе и го соблечеа алиштата од неа,и така угул гола ќе ја однесеа на река,со ладна вода ќе ја замиеа,за ете водата го однесе лошотилакот од неа,но и мразовината што брзаше ја смрзне желбата на смугре да не му текни пак да ја напастува оваа жена,таму каде што имаше помлади жени мажите со вили и колци стражареа,се бореа повеќе со сонот,отколку со смугрета,научи меретниот како на луѓето да им го лепи сонот на клепките,та ќе дојдеше одпозади,ќе им хукнеше навратот,и од вратните жили некоја брза леплива кошмарна и нестварна слика ќе се испречеше пред стражарот,те ги отвараше очите,ама тие се надолу одеа и само кон земјата гледаа,гледаа како клокоти и врие,споулавено ќе станеа од местот и бараа стогови сено да ја пикнат таму главата и се сокриат од овие приказаниа.
Така и утрово Смугре кај ја нашол само тој знае,јавнал млада збесната споулавена стелна кобила,која трчаше и саде пењи фрлаше,околу нозе и врзал млади венчиња од трње,на нозете опнал некој бодликави стари мамузи,и со шилото чини боднија по слабињето,смугре ќе ја бодни таа во трк наоколу каде што и одредуваше правец со огламникот смрдлив,на задните нозе,е како успеал и тоа да го научи,и врзал танки реси од лепливи магли.та каде што помина саде густа магла оставаше,низ густината се слушаше громогласната смеа на Смугрета испомешана со болното ржење на кобилата,кога ќе му се кефнеше ќе ја натераше да скока од ритче на ритче,и со скокањето некако побрзо ја распостилаше ладната прекривка на маглата.
По којзнае кој пат дедо Андон го наполни лулето со серт тутун,не брзаше да го запали и да ги вовлече тие пусти црни отрови.,туку го држеше сега така полно меѓу забите.
-по чија ли душа дојде сега стрвнику-процеди меѓу заби.
Смеата на Смугре тристагодишниот вампир утрово беше неподнослива,дури напати беше толку јака да кога ќе се судреше со карпите на Орловица,на тие стени кои се испречуваа пред небото и му кажуваа,застани овде има некоја граница,граница каде треба пониско да се симнеш и потоа да поминеш,ете ќе се судреа во карпите и неможеќи да одат нагоре ќе се вратеше кон селото смеата смугрева.
-Каде ли ти е гробот,проклетник еден,каде,со години го барам тој твој проклет гроб,знаеш песу еден крвјосан дека овие раце сеуште имаат сила за глоговиот колец да ти го забијат всрце,само ти смејсе,само смејсе,ќе те најде Андон,дадов завет,се додека таа работа не ја завршам не заминувам на тој свет.
Можеби овие зборови исполнето со гнев стигнаа и до См,угрета,толку силно ја удри кобилата во слабињето што таа кутрата од болка клекна на предните нозе,но силниот стисок на уздите ја натераа д се крене,со галоп се упати Смугре наведувајќи ја према гумното,кога стигнаа маглата беше толку густа што можеше од неа парчиња да пресечеш и како кал на куѓа да ги лепеш.
Ја спотера тој пустињето да се врти во круг празен да врши,а таа кутрата само тупка ,па оди,па ржи фрлаќи парчиња пења низ устата,кобилата ајванче неблагословено етего се мачи а Смугре саде се смее дали се смее.
Го немаше сонот да се залепи на клеоките од Дедо Андон,можеби лизгаќи се низ избразденото чело,се заплетка во густите и побелени веѓи,да прета и клоца ,но нема фајде големо од тоа,пргавите парчиња кој скокаа од лулето бргу згаснуваа во студенилото што го донесе Смугре.стана со некоја заборавена тежина од триножецот,ја истегна или само сакаше да ја растресе снагата на пространиот чардак,со своите рацеклешти цврсто ја стегна костенливата греда која ги држеше исправено штиците кои некогаш беа украс,а сега веќе полутрули само се вееја по некои,и погледот го испрати до гумното,гледаќи го вителот кој се вееше таму.
-ќе те најдам,ќе те најдам и ќе ти платам за синами Митре,душава со заби ќе ја стискам се додека не ти ја видам твојата лочка црна крв како се впива во земјата,проклет да бидеш проклетнику,му ја свали на плешките буката и го сви на половина,ми кажаа се опирал под таа тежина да стане,ама неможел,со тежина на земја си го поклопил,се додека не си го спружил скрос,го залепи та едвај ние го одлепивме,ни лика ни снага му се знаеше,ах проклетнику ме касна за срцемта и јас ќе те каснам,море прво со нозеве по таа твоја мемлосана снага ќе ти шетам,па најсетне со глокот ќе те набодам,ќе те набодам Андон не се викал ако не го направам ова.
Којзнае можеби монологот на Дедо Митре ќе беше уште подолг,ако не го прекинеше детскиот плач,се заврти исчекоруваќи два чекори према вратата,уште од рана квечерина снашката Митрејца започна да се породува,околу неа цела ноќ се најде да и пмага за на свет да донесе радост Баба Стана,селската бабица.
Плачот на детето за миг ги растера овие траорниу мисли од главата,широката насмевка ги прекри длабоките животни бразди кој беа изорани на старечкото чело.
Излезе Баба Стана од одајата,го гледаше неколку мигови право во самиот врв на очите.
-Нека ти е жив и здрав внукот свате Андоне.-а беа некои сватовштини уште од деда си па така фамилиите се викаа кога ќе се стретнеа.
-Сполајти сваќе Стано,сполајти,и тебе како и мене нека ти се множи челата-го возврати честитањето,но на оштрото Андоново око не му избега моментот кога Баба Стана си ги поткаса усните и сега некако гледаше да го одбегни погледот.-Снаата како е,добра лие,се измачи кутрата таа,ама ако со помин нека е.
Баба стана на ова прашање само ја наведна главата,погледот го впи некаде во штиците бараќи некој поцврст и позавртен чвор,прво сакаше да го заплетка во таа чвпровина,па потоа со некоја замрсеност да му даде одговор.само пусто немаше никаде таква работа,прво промрмори,но оштриот глас на Андона ја натера да го повтори одговорот погласно
-Те прашав нешто Стано.
-Бог да ја прости,свате-сега како да бараше прошка од Андона-се сторив,се што знаев и умеев,ама некоја сила недаваше да излезе детето,се некако на пола пат го стискаше,и саде душа бараше да земи,господ ми е сведок Андоне дека детето едвај го спасив,за снаата твоја немаше спас.
Од силниот стисок на забите,лулето се распрсна на неколку парчиња,недогорениот тутун брзо се лизна на штиците,со тресок на ногата ја згазна онаа вжарена топка,која во одреден момент беше некој подмолен мелем за човечкиот јад,само една солза се стркала по образот
-Бог да ја прости.
Ја испратија селските тажалки Митрејца на тој свет,Дедо Андон,со камено лице стоеше на новата земјена хумка,хумка која ја правеше за вторпат во една година,не кажа ни еден збор,на очите ги стави двете сребрени меџидии,ја помилува по ладните образи,и тивко за себе и кажа
-поздравиго синами,а јас ќе наплатам таму каде што треба,и колку треба.
Тажалките со клетви го благословуваа Смугрета,а тие низ плачот испраќаа по Митрејца поздрави до своите упокоени роднини.
Баба стана прво време беше околу Стојмира,ама не можеше и таа вечно да биди со детето,имаше таа и дома получовек,Глугура незин со дна нога само низ одајата можеше да оди,па така Баба Стана му беше најголема потпра сега.
Останаа сами дедо Андон и Стојмир.
Некоја нова сила,дотогаш непозната за Андона му даде Стојмир на дедаси,та како се множеа и како се пластеа годините на плеќите од старецот,тој се поцврст и пожилав стануваше,никогаш никој од селаните од него не слушна да се пожали,или да речи тешко ми,само насмевката ќе ја развлечеше на широкото и тркалезно лице,чиниш изгревот од кај кобилица го гледаш а не ликот на Андона.непостоеше желба што неможеше да му ја l
Тажниот Декември
Петли Ранобудни
Го сонував
Огнот во твоето срце
Додека жедта за твојот допир
Риеше на моите усни
Копаше бразди длабоки остави
Ревам
Сега ѕвер ранет сум
Со рана копнежлива
За само миг еден страст со тебе
Меѓу ѕвездите и земјата
Руменилото на зората ме буди
Дневниот сон ми го подарува
Суров и тажен
Не им велам ете сега
На овие петли ранобудни
Вие сте среќни
Јас сум тажен
Само одмолчувам
Тажниот Декември
Белите коњи на виулицата
Како вител нескротлив етеги влечат
Расклатена санка на сонот
Дедо Пане повторно не теши
Ова е само една песна
Незнаете можеби на тажниот декември
Навистина не ги знаете вие неговите
Нејасни длабочини
Каде разгневена бронза се разлева
Како скриен полноќен демон
Слушнетего сега
Извика старецот занесеник
Непознат поет
Волшебниот тропот на копитата
Тааа немирна игра на ветерот подивен
Во овие ноќни длабочини
Како го силат снежниот поток
Со свиреш таен,измамник е тој
Мами,и подбивна насмевка
Бара,бели снежни тантели
На декември да му сплети
Чудесно чудесно зарем не
Не го знаевте ова
Бела војска
Додека ја одгатнувам тајната на пергаментот
Маѓија стара ќе да е
Запретана со седум пластови прав беше
Наоколу триста ѓаволчиња се кикотат неиздржливо
Дремката со оловни канџи збеснала
Го пара сонот на сто и едно место
Етеја,повторно збеснува
Со криви камшици музика пишува
Беден кралски танц да заигра
Кучешки лавеш сака да и пее
Волчји рев хор да и биди
Не,не,не бладав на месечината
Ова мора да е некој улав сон
Ја барам сопстената сенка
Тој верен сопатник што рла напред назад
Расеано да талкаме низ улиците
Заедно со белата војска на снегулки.
Ниедно талкање не е бесцелно
Се додека мислиш дека има цел
Се сеќавам така пишуваше на пергаментот
Ѕвонливи Молитви
Се креваат внебеса ѕвонливи молитви
липаат своја тага далечни земји
тоа е песна за мојата крвава душа
Ветерот ми цеди од очите солзи
во гората завива волк или волчица,сеедно ми е
останувам да се скаменувам под белата прекривка
им го слушам молкот на луѓето
наоколу испаруваат соништата на мојата младост
го нема веќе таму моето име
Од мојата крв цедам мелем за тагата
магиско вино за чудотворци
должен сум да го вратам времето барем еден ден
се молам во ова сказание да не сум веќе
роден како магла во магла
како ноќ во сенишна ноќ
празнина во празнина кои некои го викаат живот.
Баба Цана
Темни луѓе со бели сенки
тоа е она,што не е ни сон ни јаве
за ним и светлината е густ мрак насекаде
мислиш и бескрајот е нивна гробница
копнеат за гроб,за мрамор тежок
наказаниа на бесмртноста се тие
со черни чудеса,проклети и зли
зломори од очи им бие и снага пие
стравот нечиј и во коски го морничават
проклетие им е благослов
придушени татнежи од далечините ги навестуваат
невидени завојувачи на надежи станаа
никој,никој сега нема иднина
селската вештерка,Баба цана шрбава ука дели
Најдете блудница леунка,што пее пискаво
од рог вино нека пое,црвено или црно
три дни и три ноќи гола на јарец да јава
од мечка споулавен дроб нека јади
дира со крв од пес самотник нека брише
така и гробот ќе се повлече во гроб
така и рожбата ваша со име ќе се скраси
така и сонот ќе молкне,јавето ќе цвета
Става Човечка
Става Човечка
Глув простор и мртво време застанале
Ја чекаат тишината да ги пронајде
Некаде во долиштата длабоки
Спилите се испрчиле гордо
Скитникот на векот го скорнале
Сорашав глас да пркоси
Друшка на остарениот и гладен гавран да му прави
Заедно да го најават новото умирање
Замагленото сонце со брз заод им избега
Им остави празен јасник и волчји завивања
Ја видоа заедно
Скитник ковчест и гавран гладен
Ставата човечка како се спружи на земја
Семе непознато со крвта посеа
Од вените жили цврсти вземи се впиваат
В час тој и тагата се криела
Онемувала тажалките ги бркала
Приказната тажна на небото да не му ја раскажуваат
Така ставата ќе ја снема
Непозната ќе остане
Извор лековит
Овиснаа на рамениците скршените и преморени криља
Нечекорат смело чекорите по земјава
Остана парче тага залепено на боровите црни
Побелените спомени се одвеаа со виулицата
Сувиот пиреј во ипреплетените корења пишува немо
Се митари ноќта злобник
Го претвора мажот ѕвер во сува ветка
Реви споулавено ја глода последната надеж
И вели со рик
Родиго кроце последниот миг
Само немој копиле немо да биде
Живите рани го раскинаа месото
Останаа жолтите коски и платно од кожа
Знаеш
Само крвта црвена непокорена ќе остане
Ќе врие ќе клокоти
Каде ли само ќе капне
Извор лековит таму ќе бликне
Намерници
Шугави лигави крастави
Нероткињи и од памет штукнати ќе лечи до века.
Никодин Чернодримски 2009
Црни Сништа
Црни Сништа
Изртија црни сништа
Во моќни очи без милост седало свија
Сакаат нечие срце да замолчат
Дивата непокорена верба го чува
Незнаат тие очи за тоа
Клекнале сништа пред камен неиспишан
Измислена молитва да кажат
Времето лажно да го разбудат
Безбожен мрак постилаат
Ги мамат очите со нејаснотија
Воини големи ќе ги стореле
Водачи славни ќе биле
Грчот на ветерот занив ќе војувал
Небото ќе оглувне
Пепелави сенки ќе ги служат
Клекнале сништа пред камен неиспишан
Со очи без милост да го испишат
Срцето нечие со смрзната смиреност да го целиваат
Дивата непокорена верба го чува
Незнаат тие очи за тоа.
Соголени Сенки
Млад светец со пламена облека
Со пламено копје јава гривест коњ
Ги гони веќе три дни земните ѓаволи
И безаби збрчани баби вештерки
Грми со гласот небаре громовник е
Со крвта ваша ќе ја мијам лагата
Водата е премногу света за црнилата што ги сторивте
Ликовите ваши ќе ги врежам длабоко
Во каменот на портите адски
Ќе ве плукаат ороспии блудници
Коњокрадци и разен џган
Лагата лагата ви беше гнасна
Душа невина изгнасивте
Нектарот на стравот сега пијтего
Ркулецот на лудилото нека се испили
Дневниот спокој ќе го немате
Ноќта ќ го лепи немирот како краста по вас
Соголени сенки ќе бидете.
Никодин Чернодримски 2009
Гневен осаменик
Песните се извадок од најновата стохозбирка-Мртви Сенки на Мртва Стража-
Гневен осаменик
Иловице,црнејце,црвенејце
Хумка нова ли прават ветриштата диви
Ете таму
Под жилав даб со брада стогодишна
Перуника семе ли фрлаат врапците
Подолу три стапки само
Немите воденици кругот на заборавот го затвораат
Суровото минато ги брише патеките изодени
Каменот паметник ноќва ли го раѓаш така
Од бигор црн ли е створен
Мртви сенки на мртва стража околу постави
И долгозаби пцишта аберџии да бидат
Летната месечина не те радува веќе
Не ја мамат воздишките жешки
Таговно ги мели патилата свои
Миленикот твој
Безгласен е сега и со сув душник
Прашина очите му ги затвори
Својата тага ја врза во далечен спомен
Сплете за себе сребрена пајажина
Наметка заштитничка да му биде од заборавот
Евего
Со атот црн аветник во галоп ита
Стрела со поглед
Пее со јазик неразбирлив
Ита ли ита
Гневен осаменик
Гостинот на иловицата црнејцата црвенејцата.
Меѓи Ѕвезди и Пеперутки
Мина бран кобна тишина
Одлета бела птица преселница
Се откина душа страдалничка од гнило месо.
Несватлива смеа од злобник одекна
Безличните сенки го потикнаа
За недоречениот стих што го прекинаа
Скаменет ковчег сурна суводолица
Со врата од мов зелена накитена
Збеснат пењав ѓавол ја чува
Згуснати збиени снегулки пишуваат небесна вистина
Мразови пукаат непокорени спили
Огниште ноќва згасна пепел го пркри
Усна молитва низ стисната дланка излета
Умирам судбино меѓу ѕвезди и пеперутки
Ететиго таму трупот ладен.
Никодин Чернодримски 2009