Темни луѓе со бели сенки
тоа е она,што не е ни сон ни јаве
за ним и светлината е густ мрак насекаде
мислиш и бескрајот е нивна гробница
копнеат за гроб,за мрамор тежок
наказаниа на бесмртноста се тие
со черни чудеса,проклети и зли
зломори од очи им бие и снага пие
стравот нечиј и во коски го морничават
проклетие им е благослов
придушени татнежи од далечините ги навестуваат
невидени завојувачи на надежи станаа
никој,никој сега нема иднина
селската вештерка,Баба цана шрбава ука дели
Најдете блудница леунка,што пее пискаво
од рог вино нека пое,црвено или црно
три дни и три ноќи гола на јарец да јава
од мечка споулавен дроб нека јади
дира со крв од пес самотник нека брише
така и гробот ќе се повлече во гроб
така и рожбата ваша со име ќе се скраси
така и сонот ќе молкне,јавето ќе цвета
