Става Човечка
20.12.2009
Става Човечка


Глув простор и мртво време застанале
Ја чекаат тишината да ги пронајде
Некаде во долиштата длабоки
Спилите се испрчиле гордо
Скитникот на векот го скорнале
Сорашав глас да пркоси
Друшка на остарениот и гладен гавран да му прави
Заедно да го најават новото умирање
Замагленото сонце со брз заод им избега
Им остави празен јасник и волчји завивања
Ја видоа заедно
Скитник ковчест и гавран гладен
Ставата човечка како се спружи на земја
Семе непознато со крвта посеа
Од вените жили цврсти вземи се впиваат
В час тој и тагата се криела
Онемувала тажалките ги бркала
Приказната тажна на небото да не му ја раскажуваат
Така ставата ќе ја снема
Непозната ќе остане



Извор лековит


Овиснаа на рамениците скршените и преморени криља
Нечекорат смело чекорите по земјава
Остана парче тага залепено на боровите црни
Побелените спомени се одвеаа со виулицата
Сувиот пиреј во ипреплетените корења пишува немо
Се митари ноќта злобник
Го претвора мажот ѕвер во сува ветка
Реви споулавено ја глода последната надеж
И вели со рик
Родиго кроце последниот миг
Само немој копиле немо да биде
Живите рани го раскинаа месото
Останаа жолтите коски и платно од кожа
Знаеш
Само крвта црвена непокорена ќе остане
Ќе врие ќе клокоти
Каде ли само ќе капне
Извор лековит таму ќе бликне
Намерници
Шугави лигави крастави
Нероткињи и од памет штукнати ќе лечи до века.


Никодин Чернодримски 2009
Objavio cernodrimski u 22:57 | kategorija:
Permalink | Obavesti prijatelja | Komentara (0) | Pošalji komentar


Komentari:

Pošalji komentar