Црни Сништа
Изртија црни сништа
Во моќни очи без милост седало свија
Сакаат нечие срце да замолчат
Дивата непокорена верба го чува
Незнаат тие очи за тоа
Клекнале сништа пред камен неиспишан
Измислена молитва да кажат
Времето лажно да го разбудат
Безбожен мрак постилаат
Ги мамат очите со нејаснотија
Воини големи ќе ги стореле
Водачи славни ќе биле
Грчот на ветерот занив ќе војувал
Небото ќе оглувне
Пепелави сенки ќе ги служат
Клекнале сништа пред камен неиспишан
Со очи без милост да го испишат
Срцето нечие со смрзната смиреност да го целиваат
Дивата непокорена верба го чува
Незнаат тие очи за тоа.
Соголени Сенки
Млад светец со пламена облека
Со пламено копје јава гривест коњ
Ги гони веќе три дни земните ѓаволи
И безаби збрчани баби вештерки
Грми со гласот небаре громовник е
Со крвта ваша ќе ја мијам лагата
Водата е премногу света за црнилата што ги сторивте
Ликовите ваши ќе ги врежам длабоко
Во каменот на портите адски
Ќе ве плукаат ороспии блудници
Коњокрадци и разен џган
Лагата лагата ви беше гнасна
Душа невина изгнасивте
Нектарот на стравот сега пијтего
Ркулецот на лудилото нека се испили
Дневниот спокој ќе го немате
Ноќта ќ го лепи немирот како краста по вас
Соголени сенки ќе бидете.
Никодин Чернодримски 2009
