Вампирот Смугре
10.2.2010
Вампирот Смугре Морничавото завивање на куциот волк самотник не навестуваше дека утрово ќе се слушнат веселите прапорци на муграта.Ордата ,дива и непокoрена горска сила која номад беше нескротлив од поодамна го отфрли овој сега самотник,со својата тромост каде и да одеа ги успоруваше,посебно кога одеа кон некој пир. Сега кутриот самотникот само штракаше со вилиците и бараше со денови нечија мрша,како би го совладал постојаниот глад,но кога ќе најдеше некоја полуизедена мрша,тогаш,прво ќе започнеше весело да потскокнува околу неа,правеше некој свој измислен самотен волчешки ритуал,потоа ќе ги ококореше очите како да видел богата кралска трпеза понудена пред него,низ истрошените очњаци ќе се провлечеа танки конци на белузлава лига,неколку пати ќе штракнеше со вилиците,велеќи и така на мршата, ете сега си жртва а јас ловец,и самозадоволно легнуваше покрај неа,спокојно испружуваќија литата снага на земјата,не се знаеше тогаш кој е мрша а кој е лита кожа распната на ронливи коски,лежеше се додека низ утробата не му профучеше танкиот продорен глас на гладот,од силата на гласот ќе му се растресеа цревата и ќе ја засфиреа симфонијата на гладниот очај.брзо брзо загризуваше и со уште недоџвакани парчиња месо ја запираше оваа неподнослива музика,небеше ова некој голем подвиг,или некој раскошен пир,но ете сега со виежот и тој откако ќе се најадешеги известуваше своите од ордатра дека имал и тој жртва па макар таа била и мртвано како јадеше мрши така како смрта да си ја лепеше кутриот насебе,кога ќе устеше дека таа со суденилото е околу него ќе завиеше некако морничаво,со виењето го бркаше стравот од себе,стравот кој на својата ладна антерија го носеше ликот на смрта,на другите кога ќе се појавеше од некој крај на шумата и вака куц и лит,смрта им ја претскажуваше,а тој кутриот од неа панично бегаше,во бегањето невиде дека стана зловестило. Петлите ранобудни беше се искачиле кој каде стигнаа,и со своите продорни грла ја будеа зората да стане,како би можела повторно да го расфрли својот беломлечен прав насекаде,но некоја тежина беше ја натиснала та не и даваше да си ја покаже силата. Од врвот на Кобилица одекнуваше одвратната смеа на Смугре,тоа сениште кое се провлекуваше низ вековите и потајно со смеата ги ужаснуваше не само во дните,напати и во снишатата на селаните,како што го паметеа кога ќе се јавеше некојпат беше само како ехо кое свири по долиштата,некојпат беше како пресмртна песна на гавран,а некои велеа дека го гледале како стелна мечка која неможи да се породи,па само рика збеснато,некои старци кои со своите бели коси потврдуваа дека изминале еден и дека сега во скутот држат друг век,пак раскажуваа за Смугре Вампирот кога се свампирил во дните на нивните дедовци,бил толку бесен и толку штетник што морале селаните за да ги заштитат домовите да ставаат луковина и на постелите,и на праговите,и по дворовите,а еднаш кога не се напил крв бајаги време така рикнал силно што кравите од пусти страв не давале млеко четириесет дена,стопаните од пуста жал за овие живинчиња катаутро и катавечер се ги замивале со крстена вода да им го отераат стравот што се спикал и во коските.ете таков бил овој Смугре Вампирот,и сега во овој век небеше подобар,и сега бајаги зло стори по селата,не еднаш го бркаа вампирџии,море по тавани,море впондила се пикаа,море по меѓи го зачекуваа,еее Смугре дали имаше очи и на тилот но секогаш за влакно им бегаше на вампирџиите,од што доби толку сила последно време се настрви и на жените,ќе се завлечеше мракот по селата а со мракот ќе се довлечкаше од некоја спила Смугре,пазеше пазеше и таму каде што ќе намирисаше осамена женска душа,ќе се вотнеше во одајчето,што од страв а што од ужас од ладните рапави и на земја реосани раце на смугрета, кутрата само ќе си ја збереше душата во некое мало дупче на срцето и трај,собајлината никој неможеше да ја познаи женичката,селските жени ќе се собереа околу неа,па брзо брзо ќе и го соблечеа алиштата од неа,и така угул гола ќе ја однесеа на река,со ладна вода ќе ја замиеа,за ете водата го однесе лошотилакот од неа,но и мразовината што брзаше ја смрзне желбата на смугре да не му текни пак да ја напастува оваа жена,таму каде што имаше помлади жени мажите со вили и колци стражареа,се бореа повеќе со сонот,отколку со смугрета,научи меретниот како на луѓето да им го лепи сонот на клепките,та ќе дојдеше одпозади,ќе им хукнеше навратот,и од вратните жили некоја брза леплива кошмарна и нестварна слика ќе се испречеше пред стражарот,те ги отвараше очите,ама тие се надолу одеа и само кон земјата гледаа,гледаа како клокоти и врие,споулавено ќе станеа од местот и бараа стогови сено да ја пикнат таму главата и се сокриат од овие приказаниа. Така и утрово Смугре кај ја нашол само тој знае,јавнал млада збесната споулавена стелна кобила,која трчаше и саде пењи фрлаше,околу нозе и врзал млади венчиња од трње,на нозете опнал некој бодликави стари мамузи,и со шилото чини боднија по слабињето,смугре ќе ја бодни таа во трк наоколу каде што и одредуваше правец со огламникот смрдлив,на задните нозе,е како успеал и тоа да го научи,и врзал танки реси од лепливи магли.та каде што помина саде густа магла оставаше,низ густината се слушаше громогласната смеа на Смугрета испомешана со болното ржење на кобилата,кога ќе му се кефнеше ќе ја натераше да скока од ритче на ритче,и со скокањето некако побрзо ја распостилаше ладната прекривка на маглата. По којзнае кој пат дедо Андон го наполни лулето со серт тутун,не брзаше да го запали и да ги вовлече тие пусти црни отрови.,туку го држеше сега така полно меѓу забите. -по чија ли душа дојде сега стрвнику-процеди меѓу заби. Смеата на Смугре тристагодишниот вампир утрово беше неподнослива,дури напати беше толку јака да кога ќе се судреше со карпите на Орловица,на тие стени кои се испречуваа пред небото и му кажуваа,застани овде има некоја граница,граница каде треба пониско да се симнеш и потоа да поминеш,ете ќе се судреа во карпите и неможеќи да одат нагоре ќе се вратеше кон селото смеата смугрева. -Каде ли ти е гробот,проклетник еден,каде,со години го барам тој твој проклет гроб,знаеш песу еден крвјосан дека овие раце сеуште имаат сила за глоговиот колец да ти го забијат всрце,само ти смејсе,само смејсе,ќе те најде Андон,дадов завет,се додека таа работа не ја завршам не заминувам на тој свет. Можеби овие зборови исполнето со гнев стигнаа и до См,угрета,толку силно ја удри кобилата во слабињето што таа кутрата од болка клекна на предните нозе,но силниот стисок на уздите ја натераа д се крене,со галоп се упати Смугре наведувајќи ја према гумното,кога стигнаа маглата беше толку густа што можеше од неа парчиња да пресечеш и како кал на куѓа да ги лепеш. Ја спотера тој пустињето да се врти во круг празен да врши,а таа кутрата само тупка ,па оди,па ржи фрлаќи парчиња пења низ устата,кобилата ајванче неблагословено етего се мачи а Смугре саде се смее дали се смее. Го немаше сонот да се залепи на клеоките од Дедо Андон,можеби лизгаќи се низ избразденото чело,се заплетка во густите и побелени веѓи,да прета и клоца ,но нема фајде големо од тоа,пргавите парчиња кој скокаа од лулето бргу згаснуваа во студенилото што го донесе Смугре.стана со некоја заборавена тежина од триножецот,ја истегна или само сакаше да ја растресе снагата на пространиот чардак,со своите рацеклешти цврсто ја стегна костенливата греда која ги држеше исправено штиците кои некогаш беа украс,а сега веќе полутрули само се вееја по некои,и погледот го испрати до гумното,гледаќи го вителот кој се вееше таму. -ќе те најдам,ќе те најдам и ќе ти платам за синами Митре,душава со заби ќе ја стискам се додека не ти ја видам твојата лочка црна крв како се впива во земјата,проклет да бидеш проклетнику,му ја свали на плешките буката и го сви на половина,ми кажаа се опирал под таа тежина да стане,ама неможел,со тежина на земја си го поклопил,се додека не си го спружил скрос,го залепи та едвај ние го одлепивме,ни лика ни снага му се знаеше,ах проклетнику ме касна за срцемта и јас ќе те каснам,море прво со нозеве по таа твоја мемлосана снага ќе ти шетам,па најсетне со глокот ќе те набодам,ќе те набодам Андон не се викал ако не го направам ова. Којзнае можеби монологот на Дедо Митре ќе беше уште подолг,ако не го прекинеше детскиот плач,се заврти исчекоруваќи два чекори према вратата,уште од рана квечерина снашката Митрејца започна да се породува,околу неа цела ноќ се најде да и пмага за на свет да донесе радост Баба Стана,селската бабица. Плачот на детето за миг ги растера овие траорниу мисли од главата,широката насмевка ги прекри длабоките животни бразди кој беа изорани на старечкото чело. Излезе Баба Стана од одајата,го гледаше неколку мигови право во самиот врв на очите. -Нека ти е жив и здрав внукот свате Андоне.-а беа некои сватовштини уште од деда си па така фамилиите се викаа кога ќе се стретнеа. -Сполајти сваќе Стано,сполајти,и тебе како и мене нека ти се множи челата-го возврати честитањето,но на оштрото Андоново око не му избега моментот кога Баба Стана си ги поткаса усните и сега некако гледаше да го одбегни погледот.-Снаата како е,добра лие,се измачи кутрата таа,ама ако со помин нека е. Баба стана на ова прашање само ја наведна главата,погледот го впи некаде во штиците бараќи некој поцврст и позавртен чвор,прво сакаше да го заплетка во таа чвпровина,па потоа со некоја замрсеност да му даде одговор.само пусто немаше никаде таква работа,прво промрмори,но оштриот глас на Андона ја натера да го повтори одговорот погласно -Те прашав нешто Стано. -Бог да ја прости,свате-сега како да бараше прошка од Андона-се сторив,се што знаев и умеев,ама некоја сила недаваше да излезе детето,се некако на пола пат го стискаше,и саде душа бараше да земи,господ ми е сведок Андоне дека детето едвај го спасив,за снаата твоја немаше спас. Од силниот стисок на забите,лулето се распрсна на неколку парчиња,недогорениот тутун брзо се лизна на штиците,со тресок на ногата ја згазна онаа вжарена топка,која во одреден момент беше некој подмолен мелем за човечкиот јад,само една солза се стркала по образот -Бог да ја прости. Ја испратија селските тажалки Митрејца на тој свет,Дедо Андон,со камено лице стоеше на новата земјена хумка,хумка која ја правеше за вторпат во една година,не кажа ни еден збор,на очите ги стави двете сребрени меџидии,ја помилува по ладните образи,и тивко за себе и кажа -поздравиго синами,а јас ќе наплатам таму каде што треба,и колку треба. Тажалките со клетви го благословуваа Смугрета,а тие низ плачот испраќаа по Митрејца поздрави до своите упокоени роднини. Баба стана прво време беше околу Стојмира,ама не можеше и таа вечно да биди со детето,имаше таа и дома получовек,Глугура незин со дна нога само низ одајата можеше да оди,па така Баба Стана му беше најголема потпра сега. Останаа сами дедо Андон и Стојмир. Некоја нова сила,дотогаш непозната за Андона му даде Стојмир на дедаси,та како се множеа и како се пластеа годините на плеќите од старецот,тој се поцврст и пожилав стануваше,никогаш никој од селаните од него не слушна да се пожали,или да речи тешко ми,само насмевката ќе ја развлечеше на широкото и тркалезно лице,чиниш изгревот од кај кобилица го гледаш а не ликот на Андона.непостоеше желба што неможеше да му ја l
Objavio cernodrimski u 18:25 | kategorija:
Permalink | Obavesti prijatelja | Komentara (0) | Pošalji komentar


Komentari:

Pošalji komentar