Тажниот Декември
29.1.2010
Петли Ранобудни

Го сонував
Огнот во твоето срце
Додека жедта за твојот допир
Риеше на моите усни
Копаше бразди длабоки остави
Ревам
Сега ѕвер ранет сум
Со рана копнежлива
За само миг еден страст со тебе
Меѓу ѕвездите и земјата
Руменилото на зората ме буди
Дневниот сон ми го подарува
Суров и тажен
Не им велам ете сега
На овие петли ранобудни
Вие сте среќни
Јас сум тажен
Само одмолчувам


Тажниот Декември


Белите коњи на виулицата
Како вител нескротлив етеги влечат
Расклатена санка на сонот
Дедо Пане повторно не теши
Ова е само една песна
Незнаете можеби на тажниот декември
Навистина не ги знаете вие неговите
Нејасни длабочини
Каде разгневена бронза се разлева
Како скриен полноќен демон
Слушнетего сега
Извика старецот занесеник
Непознат поет
Волшебниот тропот на копитата
Тааа немирна игра на ветерот подивен
Во овие ноќни длабочини
Како го силат снежниот поток
Со свиреш таен,измамник е тој
Мами,и подбивна насмевка
Бара,бели снежни тантели
На декември да му сплети
Чудесно чудесно зарем не
Не го знаевте ова


Бела војска

Додека ја одгатнувам тајната на пергаментот
Маѓија стара ќе да е
Запретана со седум пластови прав беше
Наоколу триста ѓаволчиња се кикотат неиздржливо
Дремката со оловни канџи збеснала
Го пара сонот на сто и едно место
Етеја,повторно збеснува
Со криви камшици музика пишува
Беден кралски танц да заигра
Кучешки лавеш сака да и пее
Волчји рев хор да и биди
Не,не,не бладав на месечината
Ова мора да е некој улав сон
Ја барам сопстената сенка
Тој верен сопатник што рла напред назад
Расеано да талкаме низ улиците
Заедно со белата војска на снегулки.
Ниедно талкање не е бесцелно
Се додека мислиш дека има цел
Се сеќавам така пишуваше на пергаментот
Objavio cernodrimski u 16:50 | kategorija:
Permalink | Obavesti prijatelja | Komentara (0) | Pošalji komentar


Komentari:

Pošalji komentar