Да ти подарам
Да ти подарам еден цвет
Не,не,еден цвет е премалку за твојата нежност
Ќе ти подарам една цела градина
Ох,колку немир има во твоите допири
Да ти подарам една ѕвезда
Не,не,една ѕвезда е премалку за твојот болскот
Ќе ти подарам една цела галакција
Ох,колку ли волшебно трепкаш со очите
Да ти подарам една птица
Не,не,една птица е премалку за твојот глас
Ќе ги заробам во еден кафез сите прици
Ох,колку е нежен твојот шепот
Да ти подарам?
Простими,но јас сум еден голем скржавец
Себично го чувам моето срце само за мене
А тоа ти припаѓа повеќе тебе
Цветовите мила за седум дена ќе овенат
Зората рана лакомо ќе ги голтне сите ѕвезди
Птиците за триесет дена во кафез ќе овенат
Но срцево мое во твоите раце вечно ќе блеска.
Сон без сништа
Го припремам сонот за вечно сонување
Со приказна за небесниот овчар
Кој наутро се опивал од сончевата топлина
Кој навечер неуморно ги гонел небесните волци
Спокојно брести ѕвезденото стадо
Бескрајната тишина цветови му раѓа
Кренисе ветре,ти небесен гласнику
Разбудија росата муграта со ромор иде
Ехото на заборавените крикови се провре
Низ процепот на времето злокобно профучи
Никој,никој,ама баш никој не знае
Дека пирот само во смрта е така тивок
Ете тука на црнава стена
Го отфрлам како кожурец мртвото минато
За вечерва со надежта нова да бдееме
Сонот без сништа евего тука спокојно лежи.
