Вампирот Смугре -трет дел
10.2.2010
Замина андон да го бара Смугре вампирот и да му наплати за двата гроба што му ги направи.Никогаш повеќе никој не го виде Андон,ни во куќата ни околу куќата,ни пак по имањето,овчарите,дрварите па и треварите веќе подолго време го бараа низ планината,се провираа по помалите пештерчиња,со надеж дека таму ќе го најдат,се расчу глас дека Андон станал испосник во некоја пештера,анма никакво фајде од барањето,после се прочу дека Андон некој го видел како со глогов кол го брка Смугрета,е сега дали беше тоа вистина или не,никој незнае,а и Орде што с расприкажа за тоа пред коперација небеше самиот сигурен,а небеше зошто кога бил впланина од пусти страв од волците изпил дури три оканици ракија.па затоа небеше сигурен дали тоа што го видел било вистинито,но како беше што беше отогаш никој неслушна за Андона,но и смигре како да ја снема силата за да прави разни зла. Стојмир замина по светот и навистина светот слушна за него,но и селаните слушаа и читаа што се прикажуваше за нивниот Стојмир,па дури кога ќе одеа по слави кај своите по околните села и кога ќе се расприкажеа со селаните за Стојмира викаа нашиот Стојмир. - Никодин Чернодримски 2010
Objavio cernodrimski u 18:28 | kategorija:
Permalink | Obavesti prijatelja | Komentara (0) | Pošalji komentar


Вампирот Смугре-втор дел
10.2.2010
Останаа сами дедо Андон и Стојмир. Некоја нова сила,дотогаш непозната за Андона му даде Стојмир на дедаси,та како се множеа и како се пластеа годините на плеќите од старецот,тој се поцврст и пожилав стануваше,никогаш никој од селаните од него не слушна да се пожали,или да речи тешко ми,само насмевката ќе ја развлечеше на широкото и тркалезно лице,чиниш изгревот од кај кобилица го гледаш а не ликот на Андона.непостоеше желба што неможеше да му ја исполни,небеше издашно детето,ама сепак дете како дете,растеше со грижата на дедаси,гледаше на секој начин да не ја почуствува дупката во неговата мла но чиста детска душа, Стојми,Стојмир стана лично момче што со својата личотија луѓето ги занемуваше,во снагата се извиши небаре гората го доела со букови сокови,а гласот,гласот беше толку мил и грлат што кога ќе запееше,а баба стана ќе кажеше -ете и ангелите му завидуваат,та затоа ни праќаат облаци со доѓд,сакаат песните да ги залепат на земјата,да не стигнат до небеса,ама ако нека пее,ветерот му друшка негова,та кога ќе запее песната му ја носи во небеса кај татакаси и мајкаси. И момите кога ќе го видеа,очите од пуста желба им течеа по него,со погледот го пиеа,ќе го пииеа жедно а потоа во ноќите ќе го замкнеа по свопите сништа,таму во тие непрегледни бескраи со скриена страст се сладе на неговата личотија и снага,се валкаа по цветните ливади нештедеќија својата младост,некои пак поитрии или поџамбас,од пусти мерак да го видат на пат,по петпати одеа на селската чешма,ќе поминеше Стојмир покрај чешмата,белите образи кога ќе ги видеше своите врснички ќе му добие таква црвена боја,што мислш дека и најцрвеното велигденско јајце небеше толку црвено,засрамен од сите погледи брзо брзо ќе ги одминеше. Го гледаше Дедо Андон Стојмира како расти,и кога го гледаше срцето толку му се ширеше од радост мислиш ангел шестокрилен е неговото срце,но кога пак ќе направеше некоја беља,ќе го советуваше со најмил глас,а напати со некоја строгост,ако можеше да се нарече строгост.навечер кога ќе се прибереа само во одајата ќе седнеа на креветот и дедо андон ќе му речеше. -сине стојмире.чувај се од зломори луѓе,тие с спремни на се,чувај се.ќеја навалеше неговата сеуште млада глава во својот скут и саде го милуваше по бујната и црна како катран коса,милуваќи го ќе погледнеше на неговата рака,кога ќе видеше дека го нема црвениот конец ќе срипаше како попарен -Каде ти е амајлијата сине-дури тогаш ќе видеше Стојмир дека нема ништо на левата рака и во невин детски стил несваќаќи колкава важност придава неговиот дедо на таа ситница. -незнам дедо,можеби сум ја скинал кога се бркавме денес со Неда од Попчеви на ливадата долу,брееј ама е азган дедо,и незнае да седи мадро,туку се нешто ќе и текни,едвај сум ја натркал,толку што е машкуданка. -ете гледш,низ игра,низ смеа сакаат да те заробат,ете гледаш сакаат да те залудат со своите итроштини,аааа море тие што ѓаволчиња се ,-зборуваше и низ собата одеше бараќи го клопчето со црвен конец-сакаат триста маѓии да ти фрлат,личотијата да ти ја земат,чувај с чувај сине стојмире-сега овие зборови ги нагласи-да знаеш само дека и самовилите ти се настрвиле,па сакаат меретните да те оградисаат-ќе започнеше да праска Андон низ собата со со вода-ама има Андон има вода од три извора-откако ќе го испрскаше и Стојмир повторно ќе му врзеше околу раката црвен конец врзуваќи го со дванаесет чворови,понекогаш овие ритуали што ги правеше неговиет дедо му беа интересни но некогаш знаеше и да негодува. -Аман бре дедо ,како тргна со овие твои итроштини,и на газот ќе ми врзеш клопоратец. Малку ги собра веќите,повлече подлабоко од своето луле,потоа го испушти голмото количество на чад,правеќи низ собата облак. -ако треба и клопотарец ќе ти ставам,само и само да те заштитата,ете така да знаеш,и не само на газот туку и на друго место ќе ти обесам,ама тогаш кога ќе одиш момите од тебе ќе бегаат.го кажа ова плесна сино со рацете по колена и зеде да се смее слатко. Преголемата љубов што ја имаше Стојмир према дедаси,бргу ги смируваше бурите што беснееја во неговите млади гради,само ќе го прегрнеше и повторно мирот во куќата ќе завладееше. Времето изминуваше со галопирачко темпо,со секој изминат ден на Стојмира и планината му беше мала,напати кога ги гледаше како орлите ја надлетуваат орлица,посакуваше и тој д биде еден орел кој ќе се вивнува во тие плави бескрајни пространства,селото за него беше еден невидлив кафез.кога Андон ќе го погледнеше како со погледот им се восхитува на орлите,а градите се надигаат и спуштаат во ритамот на орловите криља,до неговите уши стигнуваше немирниот клокот на Стојмировата крв,вриеше мислиш дека е некој таен вулкан,па само пукнатина му треба за да рикне,знаеше што е работата,и јасно му стана дека неможе Стојмир вечно д го држи до себе но и во селово,а од друга страна небеше скроен за Стојмир за село,уште поодамна Илина селската бајачка и пророчица на Андона му кажа. -голем човек ќе стане Андоне Стојмир твој,големи врати ќе се отвараат пред него,многу луѓе темане пред него ќе прават,еве гледам дека на градите ѕвезда му е нишан,нишанлија е детево,обележано е и од Бога,му ја втиснал уште од раѓање,а на ѕвездата Андоне знаеш и ти сам една ноќ и е малку,таа сака постојано нова нова ноќ,и се така до недоглед,Архангелот Михаил него лично го чува,ти незнаеш Андоне што вештерки со мечот пламен тој изгорел досега кога се стрвеле да дојдат до Стојмира,кога ќе дојде денот да замине не го спречувај,дајмуго твојот благослов и пуштиго нека летне,пуштиго Андоне нека си ги рашири криљата,дајмуго само твојот благослов со твојата насмевка и испратиго до праг. Како што каѓа Илина бајачката така и биднало. Седеа вечерта двајцата покрај мангалот,стојмир нервозно ги превртуваше костењата низ жарот,тие што ба печени ги вадеше па внимателно и нежно ги редеше во ваганот. -дедо-ја крена главата кон дедаси но сега гласот му беше поинаков некоја сериозност носеше –дедо-повтори. -знам синко што сакаш да ми кажеш-го изгледа добро прво,потоа стана носеќи си го во рацете малиот триножец,откако го смести блиску до внукот,седна и со едната рака зеде со својата дедова рака да го милува по главата.-сакаш да заминеш синко по белиот свет-замолчи,и колку да ги спречуваше своите солзи,но сега како тој затворен извор бликна со некоја сила,дали зошто од поодамна Андон немаше плачено,па се собрале и само го чекаа мигот кога и тие ќе излезат на виделина,но да капеа капка по капка ајде де,но овие се сливаа во бразди,низ слзите се провираа зборовите-ако,ако оди синко,видиго свето,но и тој нека те види тебе,кога ќе го гледш светот погледајго еднбаш само со едно око,погледајго и кажиму,ова е окото од деда,така јас ќе знам дека навистина со среќен,кога ќе го видиш со двете очи,тогаш кажиму на светот,сега свету те гледаме заедно јас и дедоми,насмевката што ќе ти се разлее на лицето,моето срце ќе ја почуствува. Никогаш порано Стојмир го немаше видено дедоси да плаче,се заврти према него и седеќи силно го прегрна. -дедо ако треба да останам овде покрај тебе. Овие зборови како нож го пресекоја на половина. -нее тоа никако,тоа неможам да го дозволам,сопствениот внук да го затворам во овие проклети планини,не синко ти си роден за светот,и ќе одиш кај него,ако сакаш уште итре да ми пукне срцето остани. -ама дедо-но брзата рака на дедаси го спречи да ја заврши реченицата. -само дно ќе ти кажам,на сторена добрина кон тебе,ти со три добрини ќе возвраќаш,за злото ако можеш да го одминеш,одминиго,ако не можеш тогаш удри по него немилосрдно,удри се додека не го столчиш,не му давај можност да стане,оти ако стане тоа е ранета ѕверка тогаш синко си готов. Таа ноќ и двајцата лежеа,не спиеа,со молчењето го довикуваа сонот,но тој како за инает се обеси на гредите од балконот та се кикотеше ли кикотеше,де ќе ги подмамеше дека ете ќе стори себап па ќе им даде малку одмор,ќе се провлечеше брзо брзо околу клепките во вид на некоја лажна поспаност,да потоа со секавична брзна повторно се врати на гредите,зората полека започна та го ткае својот белузлав килим,утринските гласници,врапчињата весело потскокнуваа на гранките од јаболкницата пееќи некоја своја симфонија,која и за ушите на луѓето беше пријатна,не чуствуваа замор од непреспиената ноќ ни Андон ни Стојмир,станаа и молчешку ги завршија утрински хигиенски навики,молчешкум Андон седна на столчето,и пред негои и пред Стојмира стави по едно кафе и една чашка ракија. -сега си голем синко и редно е со дедаси да испиеш по една чашка ракија,и по едно кафе.наздравија со чашките и ја истируија во грлата лутата ракија. Се облече Стојмир со нови алишта.дедо Андон му го подзеде куферот и тргна да го испрати до портите,за понатаму немаше повеќе сила. -синко оди,нека секој чекор твој биде благословен,нека секој твој збор биде медоносен. Го кажа ова и замолчи,прегратката на Стојмира се створи околу неговиот врат,низ образите на двајцата повторно потекоа солзите. -ајде синко оди да не те задржувам,и да не заборавам,во куферот покрај прите,имаш и неколку алтани,сакаш трошиги,сакаш чувајги,твоја воља е тоа,на самото дно имаш едно мало зрвено врзулче,во него имаш земја од трите ниви,таа земја синко,кога душата ќе ти запилка за дома,само ставија грутката на гради и ќе видиш ќе го смири тој неодолив жед за тука. -остани со здравје дедо-го прегрна повторно ,но Андон го отурна нежно од себе. -оди оди и негуби време,јас и селово сне биле,и ќе останиме тука. Замина стојмир,и радоста од куќата на Андона замина,се вртеше се штуткаше како утка низ куќата три дни,место не го фаќаше,четвртото сабајле,уште во раните зори се симна впондила и од заостанатото сено го извлече глоговиот кол. -време е да наплатам стар долг. Неколкумина што го видеа како го напушта селото,после тоа раскажуваа дека Андон неодел туку летал,некоја непозната сила на своите невидливи за човеќки очи криља го носела,исто така велеа велеа дека Андон небил старец белокос туку Маж со сила небесна,на неговото лице немало ниедна брчка,целиот светел додека одел а во рацете држел пламен меч,некои од жените посебно Евда на Зрневи започна низ селото да кажува дека Андон не бил човек туку дека бил светец,ама тие досега тоа не го знаеле,или несакале тоа да го видат,во своето кажување отиде толку далеку што едно собаљина кога го стретна Поп Мирослав на сокак му рече -пресветол оче,јас мислам дека Андон беше светец,а и сега е светец, и према тоа во некој дел од црквата редно е да го насликаме неговиот лик-Поп Мирослав само се насмеа бидеќи знаеше колку и тежи паметот на на Евда. -Тетка Евда Андон не е уште упокоен за да ние го прогласиме светец,кога ќе се упокои,кога коските ќе му се миросаат,и кога ќе стори триста чудесии ете тогаш не само ликот туку и житие за него ќе напишеме,ај сега оди дома и глејсиго ти твојон светец. А Евда не и требаше многу за да го разврзи јазикот. -кој светец оној мојон дома кликнурон,па тој да простиш попе од смрдејата што ја налепил по душата негова со ракијата,кога ќе се испружи и кога ќе отиде долу во пеколот и ѓаволот ќе побегни и ќе му го препушти пеколот на него,така да знаеше. -не знаеме никој кој каде ќе отидеме,евда,незнаеме,само еден Бог знае каде ќе не смести,ако устата негова е погана,ама јас знам дека срцето и душата му се чисти,незборувај така.и гледаше кутриот бргубргу да си замине,зошто ја знаеше,ак
Objavio cernodrimski u 18:26 | kategorija:
Permalink | Obavesti prijatelja | Komentara (0) | Pošalji komentar


Вампирот Смугре
10.2.2010
Вампирот Смугре Морничавото завивање на куциот волк самотник не навестуваше дека утрово ќе се слушнат веселите прапорци на муграта.Ордата ,дива и непокoрена горска сила која номад беше нескротлив од поодамна го отфрли овој сега самотник,со својата тромост каде и да одеа ги успоруваше,посебно кога одеа кон некој пир. Сега кутриот самотникот само штракаше со вилиците и бараше со денови нечија мрша,како би го совладал постојаниот глад,но кога ќе најдеше некоја полуизедена мрша,тогаш,прво ќе започнеше весело да потскокнува околу неа,правеше некој свој измислен самотен волчешки ритуал,потоа ќе ги ококореше очите како да видел богата кралска трпеза понудена пред него,низ истрошените очњаци ќе се провлечеа танки конци на белузлава лига,неколку пати ќе штракнеше со вилиците,велеќи и така на мршата, ете сега си жртва а јас ловец,и самозадоволно легнуваше покрај неа,спокојно испружуваќија литата снага на земјата,не се знаеше тогаш кој е мрша а кој е лита кожа распната на ронливи коски,лежеше се додека низ утробата не му профучеше танкиот продорен глас на гладот,од силата на гласот ќе му се растресеа цревата и ќе ја засфиреа симфонијата на гладниот очај.брзо брзо загризуваше и со уште недоџвакани парчиња месо ја запираше оваа неподнослива музика,небеше ова некој голем подвиг,или некој раскошен пир,но ете сега со виежот и тој откако ќе се најадешеги известуваше своите од ордатра дека имал и тој жртва па макар таа била и мртвано како јадеше мрши така како смрта да си ја лепеше кутриот насебе,кога ќе устеше дека таа со суденилото е околу него ќе завиеше некако морничаво,со виењето го бркаше стравот од себе,стравот кој на својата ладна антерија го носеше ликот на смрта,на другите кога ќе се појавеше од некој крај на шумата и вака куц и лит,смрта им ја претскажуваше,а тој кутриот од неа панично бегаше,во бегањето невиде дека стана зловестило. Петлите ранобудни беше се искачиле кој каде стигнаа,и со своите продорни грла ја будеа зората да стане,како би можела повторно да го расфрли својот беломлечен прав насекаде,но некоја тежина беше ја натиснала та не и даваше да си ја покаже силата. Од врвот на Кобилица одекнуваше одвратната смеа на Смугре,тоа сениште кое се провлекуваше низ вековите и потајно со смеата ги ужаснуваше не само во дните,напати и во снишатата на селаните,како што го паметеа кога ќе се јавеше некојпат беше само како ехо кое свири по долиштата,некојпат беше како пресмртна песна на гавран,а некои велеа дека го гледале како стелна мечка која неможи да се породи,па само рика збеснато,некои старци кои со своите бели коси потврдуваа дека изминале еден и дека сега во скутот држат друг век,пак раскажуваа за Смугре Вампирот кога се свампирил во дните на нивните дедовци,бил толку бесен и толку штетник што морале селаните за да ги заштитат домовите да ставаат луковина и на постелите,и на праговите,и по дворовите,а еднаш кога не се напил крв бајаги време така рикнал силно што кравите од пусти страв не давале млеко четириесет дена,стопаните од пуста жал за овие живинчиња катаутро и катавечер се ги замивале со крстена вода да им го отераат стравот што се спикал и во коските.ете таков бил овој Смугре Вампирот,и сега во овој век небеше подобар,и сега бајаги зло стори по селата,не еднаш го бркаа вампирџии,море по тавани,море впондила се пикаа,море по меѓи го зачекуваа,еее Смугре дали имаше очи и на тилот но секогаш за влакно им бегаше на вампирџиите,од што доби толку сила последно време се настрви и на жените,ќе се завлечеше мракот по селата а со мракот ќе се довлечкаше од некоја спила Смугре,пазеше пазеше и таму каде што ќе намирисаше осамена женска душа,ќе се вотнеше во одајчето,што од страв а што од ужас од ладните рапави и на земја реосани раце на смугрета, кутрата само ќе си ја збереше душата во некое мало дупче на срцето и трај,собајлината никој неможеше да ја познаи женичката,селските жени ќе се собереа околу неа,па брзо брзо ќе и го соблечеа алиштата од неа,и така угул гола ќе ја однесеа на река,со ладна вода ќе ја замиеа,за ете водата го однесе лошотилакот од неа,но и мразовината што брзаше ја смрзне желбата на смугре да не му текни пак да ја напастува оваа жена,таму каде што имаше помлади жени мажите со вили и колци стражареа,се бореа повеќе со сонот,отколку со смугрета,научи меретниот како на луѓето да им го лепи сонот на клепките,та ќе дојдеше одпозади,ќе им хукнеше навратот,и од вратните жили некоја брза леплива кошмарна и нестварна слика ќе се испречеше пред стражарот,те ги отвараше очите,ама тие се надолу одеа и само кон земјата гледаа,гледаа како клокоти и врие,споулавено ќе станеа од местот и бараа стогови сено да ја пикнат таму главата и се сокриат од овие приказаниа. Така и утрово Смугре кај ја нашол само тој знае,јавнал млада збесната споулавена стелна кобила,која трчаше и саде пењи фрлаше,околу нозе и врзал млади венчиња од трње,на нозете опнал некој бодликави стари мамузи,и со шилото чини боднија по слабињето,смугре ќе ја бодни таа во трк наоколу каде што и одредуваше правец со огламникот смрдлив,на задните нозе,е како успеал и тоа да го научи,и врзал танки реси од лепливи магли.та каде што помина саде густа магла оставаше,низ густината се слушаше громогласната смеа на Смугрета испомешана со болното ржење на кобилата,кога ќе му се кефнеше ќе ја натераше да скока од ритче на ритче,и со скокањето некако побрзо ја распостилаше ладната прекривка на маглата. По којзнае кој пат дедо Андон го наполни лулето со серт тутун,не брзаше да го запали и да ги вовлече тие пусти црни отрови.,туку го држеше сега така полно меѓу забите. -по чија ли душа дојде сега стрвнику-процеди меѓу заби. Смеата на Смугре тристагодишниот вампир утрово беше неподнослива,дури напати беше толку јака да кога ќе се судреше со карпите на Орловица,на тие стени кои се испречуваа пред небото и му кажуваа,застани овде има некоја граница,граница каде треба пониско да се симнеш и потоа да поминеш,ете ќе се судреа во карпите и неможеќи да одат нагоре ќе се вратеше кон селото смеата смугрева. -Каде ли ти е гробот,проклетник еден,каде,со години го барам тој твој проклет гроб,знаеш песу еден крвјосан дека овие раце сеуште имаат сила за глоговиот колец да ти го забијат всрце,само ти смејсе,само смејсе,ќе те најде Андон,дадов завет,се додека таа работа не ја завршам не заминувам на тој свет. Можеби овие зборови исполнето со гнев стигнаа и до См,угрета,толку силно ја удри кобилата во слабињето што таа кутрата од болка клекна на предните нозе,но силниот стисок на уздите ја натераа д се крене,со галоп се упати Смугре наведувајќи ја према гумното,кога стигнаа маглата беше толку густа што можеше од неа парчиња да пресечеш и како кал на куѓа да ги лепеш. Ја спотера тој пустињето да се врти во круг празен да врши,а таа кутрата само тупка ,па оди,па ржи фрлаќи парчиња пења низ устата,кобилата ајванче неблагословено етего се мачи а Смугре саде се смее дали се смее. Го немаше сонот да се залепи на клеоките од Дедо Андон,можеби лизгаќи се низ избразденото чело,се заплетка во густите и побелени веѓи,да прета и клоца ,но нема фајде големо од тоа,пргавите парчиња кој скокаа од лулето бргу згаснуваа во студенилото што го донесе Смугре.стана со некоја заборавена тежина од триножецот,ја истегна или само сакаше да ја растресе снагата на пространиот чардак,со своите рацеклешти цврсто ја стегна костенливата греда која ги држеше исправено штиците кои некогаш беа украс,а сега веќе полутрули само се вееја по некои,и погледот го испрати до гумното,гледаќи го вителот кој се вееше таму. -ќе те најдам,ќе те најдам и ќе ти платам за синами Митре,душава со заби ќе ја стискам се додека не ти ја видам твојата лочка црна крв како се впива во земјата,проклет да бидеш проклетнику,му ја свали на плешките буката и го сви на половина,ми кажаа се опирал под таа тежина да стане,ама неможел,со тежина на земја си го поклопил,се додека не си го спружил скрос,го залепи та едвај ние го одлепивме,ни лика ни снага му се знаеше,ах проклетнику ме касна за срцемта и јас ќе те каснам,море прво со нозеве по таа твоја мемлосана снага ќе ти шетам,па најсетне со глокот ќе те набодам,ќе те набодам Андон не се викал ако не го направам ова. Којзнае можеби монологот на Дедо Митре ќе беше уште подолг,ако не го прекинеше детскиот плач,се заврти исчекоруваќи два чекори према вратата,уште од рана квечерина снашката Митрејца започна да се породува,околу неа цела ноќ се најде да и пмага за на свет да донесе радост Баба Стана,селската бабица. Плачот на детето за миг ги растера овие траорниу мисли од главата,широката насмевка ги прекри длабоките животни бразди кој беа изорани на старечкото чело. Излезе Баба Стана од одајата,го гледаше неколку мигови право во самиот врв на очите. -Нека ти е жив и здрав внукот свате Андоне.-а беа некои сватовштини уште од деда си па така фамилиите се викаа кога ќе се стретнеа. -Сполајти сваќе Стано,сполајти,и тебе како и мене нека ти се множи челата-го возврати честитањето,но на оштрото Андоново око не му избега моментот кога Баба Стана си ги поткаса усните и сега некако гледаше да го одбегни погледот.-Снаата како е,добра лие,се измачи кутрата таа,ама ако со помин нека е. Баба стана на ова прашање само ја наведна главата,погледот го впи некаде во штиците бараќи некој поцврст и позавртен чвор,прво сакаше да го заплетка во таа чвпровина,па потоа со некоја замрсеност да му даде одговор.само пусто немаше никаде таква работа,прво промрмори,но оштриот глас на Андона ја натера да го повтори одговорот погласно -Те прашав нешто Стано. -Бог да ја прости,свате-сега како да бараше прошка од Андона-се сторив,се што знаев и умеев,ама некоја сила недаваше да излезе детето,се некако на пола пат го стискаше,и саде душа бараше да земи,господ ми е сведок Андоне дека детето едвај го спасив,за снаата твоја немаше спас. Од силниот стисок на забите,лулето се распрсна на неколку парчиња,недогорениот тутун брзо се лизна на штиците,со тресок на ногата ја згазна онаа вжарена топка,која во одреден момент беше некој подмолен мелем за човечкиот јад,само една солза се стркала по образот -Бог да ја прости. Ја испратија селските тажалки Митрејца на тој свет,Дедо Андон,со камено лице стоеше на новата земјена хумка,хумка која ја правеше за вторпат во една година,не кажа ни еден збор,на очите ги стави двете сребрени меџидии,ја помилува по ладните образи,и тивко за себе и кажа -поздравиго синами,а јас ќе наплатам таму каде што треба,и колку треба. Тажалките со клетви го благословуваа Смугрета,а тие низ плачот испраќаа по Митрејца поздрави до своите упокоени роднини. Баба стана прво време беше околу Стојмира,ама не можеше и таа вечно да биди со детето,имаше таа и дома получовек,Глугура незин со дна нога само низ одајата можеше да оди,па така Баба Стана му беше најголема потпра сега. Останаа сами дедо Андон и Стојмир. Некоја нова сила,дотогаш непозната за Андона му даде Стојмир на дедаси,та како се множеа и како се пластеа годините на плеќите од старецот,тој се поцврст и пожилав стануваше,никогаш никој од селаните од него не слушна да се пожали,или да речи тешко ми,само насмевката ќе ја развлечеше на широкото и тркалезно лице,чиниш изгревот од кај кобилица го гледаш а не ликот на Андона.непостоеше желба што неможеше да му ја l
Objavio cernodrimski u 18:25 | kategorija:
Permalink | Obavesti prijatelja | Komentara (0) | Pošalji komentar